Достапни линкови

Ред тужби, ред штрајк


Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на Република Македонија.

Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на Република Македонија.

Штрајкот на лекарите ќе продолжи се додека не биде постигнат договор, а во меѓувреме и Министерството за здравство и Синдикатот најавуваат тужби.

Штрајкот на лекарите ќе продолжи се додека не биде постигнат договор, велат од Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар. Од таму велат дека се уште се разгледуваат предлог измените во „учинокот“ изготвени од Министерството за здравство.
Ние во тек на утрешниот ден ќе вложиме во делот на измените во проектот, така да ќе видиме, се разговора на техничко ниво, тоа е основа да започнат повторно преговирите и некој договор да се постигне.

Претседателот на Самостојниот синдикат, доктор Дејан Ставриќ вели дека лекарите внимателно ги разгледуваат измените и веќе утре ќе го достават својот предлог до министерството. Разговорите се се уште на техничко ниво, но има простор да се постигне договор, вели доктор Ставриќ.
Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на Република Македонија.

Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на Република Македонија.


„Ние во тек на утрешниот ден ќе вложиме во делот на измените во проектот, така да ќе видиме, се разговора на техничко ниво, тоа е основа да започнат повторно преговирите и некој договор да се постигне.“

Но според доктор Милчо Пановски од Клиниката за дигестивна хирургија, предложените измени на ресорното министерство се сведува на копирање на една американска веб-страница.
Но необјаснет, нејасен, не се знае што се мисли, за некои интевенции имате четири исти имиња, четири различни поени, така да тоа е комплетно сиров текст без никакво објаснување а ние тоа треба да го работиме.

„Но необјаснет, нејасен, не се знае што се мисли, за некои интевенции имате четири исти имиња, четири различни поени, така да тоа е комплетно сиров текст без никакво објаснување а ние тоа треба да го работиме.“

Во меѓувреме од министерството најавија кривични пријави за пет лекари кои не сакале да им пружат здравствена услуга на малигно болни пациенти. Ставриќ вели дека ги испитале конкретните случаи и утврдиле дека кривична одговорност не постои.

„Кривична одговорност според нас дефинитино не постои, ние како Синдикат тоа ќе го браниме на суд ако треба,“

Во истовреме Синдикатот поднесе тужби против директорите на клиниките за кожни болести и дерматовенерологија поради тоа што незаконски им исплатиле намалени плати на лекарите кои штрајкуваат. Деновиве ќе бидат поднесени уште неколку кои се однесуваат на директори на неколку болници од внатрешноста.
Ставриќ очекува брза судска разрешница на овие случаи каде, како што вели, биле прекршени повеќе закони.

Пановски повторува дека е катастрофален начин на решавање на проблемот моделот од едни да се зема, а други да се наградуваат, исто како што прекумерната работа не се плаќа, а се добива 1000 денари помалку, само затоа што имате два прегледи помалку.

„Кога имате наредба за минимална функција, а тие ве тераат да работите, а ние не се спротиставуваме да ги лекуваме пациентите за кои е потребно наша грижа, не може министерот со притисок да не не исплаќа за нешто што е сработено.“

Според синдикатот, трагично е што лекарите во услови на криза не можат да си дозволат подолго време да не земаат или да земаат помала плата, па токму затоа потклекнуваат на уцените на своите директори.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG