Достапни линкови

logo-print

Претседателот во сенка на Владата


Претседателот Ѓорге Иванов е на висина на неговата задача толку колку што му дозволува владејачката партија, која го кандидирала и го поставила на функцијата.

Функцијата на претседателот Ѓорге Иванов во изминатата година беше во сенка на извршната власт и Собранието, при што не се истакна во извршувањето на неговите надлежности, коментираат упатените по повод неговото годишно обраќање за сработеното.
Без разлика колку поранешниот професор Иванов, а сега актуелен претседател сака да влијае на Македонија и на внатрешната и надворешната политика тој не може ништо повеќе отколку што ќе му биде кажано од Владата. Тоа е многу тажно и жално.

Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека Претседателот е на висина на неговата задача толку колку што му дозволува владејачката партија, која го кандидирала и го поставила на функцијата.

„Без разлика колку поранешниот професор Иванов, а сега актуелен претседател сака да влијае на Македонија и на внатрешната и надворешната политика тој не може ништо повеќе отколку што ќе му биде кажано од Владата. Тоа е многу тажно и жално.“
Преседателот Ѓорге Иванов во посета на САД.

Преседателот Ѓорге Иванов во посета на САД.


При вакво заладување на односите меѓу политичките актери и политичките субјекти Претседателот е единствената личност или фигура во државата која може да ги свика политичките лидери ако не да ги надминат барем да се обидат да најдат некое компромисно решение.
Политичкиот аналитичар Насер Зибери вели дека функцијата на Иванов делуваше повеќе церемонијално, отколку придонес кон разрешување на проблемите кои се појавија во последно време, особено во меѓуетничките односи и заострувањето на политичката атмосфера меѓу власта и опозицијата.

„При вакво заладување на односите меѓу политичките актери и политичките субјекти Претседателот е единствената личност или фигура во државата која може да ги свика политичките лидери ако не да ги надминат барем да се обидат да најдат некое компромисно решение.“

Во однос на евроатланските интеграции на Македонија Зибери вели дека претседателот требал да има поактивна улога.

„Но гласот на Претседателот беше многу малку слушан во однос на тоа каква стратегија Македонија гради во решавање на проблемот со името, како течат претпристапните преговори и дали одиме во вистинската насока. Во тој поглед Претседателот беше во дефанзива“.

Според Стојадиновиќ колку и да сака да помогне Иванов рацете му се врзани.

„Тој колку и да се обидува да помогне и да ги поттикне развојот, комуникацијата, евроинтеграциите и надворешната политика на државата и плус и местополжбата на Македонија на светската политичка сцена не може бидејќи му се врзани рацете. Не само процедурално, туку и политички. Тој веќе е стасан на ниво на англиска кралица. Само претседател и толку. Ништо повеќе“.

Упатените коментираат и дека за жал функцијата Претседател се помалку има тежина и значење во нашиот политички систем.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG