Достапни линкови

Поседувањето оружје во САД, сложен проблем


Белата Куќа соопшти дека нема подготвено специфични предлози за начините за спречување на маскарите каков што во петокот се случи во едно училиште во Контектикат каде што беа убиени 20 деца и шест учителки. Сепак, веќе има предлози да се забрани продажбата на воено офанзивно оружје какво што најчесто се употребува во ваквите напади.

Американскиот претседател Барак Обама на мисата за жртвите во Конектикат вети дека ќе ја искористи сета моќ на неговата функција во обид да ја намали појавата на такви слични убиства.

Веднаш потоа, портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека станува збор за комплексен проблем што бара сеопфатно решение, а не повеќе закони за забрана на оружјето.
Џеј Карнеј

Џеј Карнеј


„Тоа е комплексен проблем што ќе бара комплексно решение. Ниту еден дел од законодавството, ниту една посебна акција нема целосно да го решат проблемот.“

Трагедијата во Конектикат беше најголема во американската историја по онаа во „Вирџинија Тек“ во 2007 година кога беа убиени 32 лица.

Во текот на годинава се случија неколку слични напади, меѓу нив и оној во едно кино во Колорадо кога загинаа 12 луѓе.

Релност е дека со нив се претера и оти е премногу лесно да се поседуваат. Целата поента е што во Конектикат има такви закони. Но, во отсуство на федерална рамка за ограничување на оружјето и муницијата што се користи, ниедна држава никогаш нема да биде безбедна само врз основа на нејзините сопствени закони.
Затоа повеќе членови на Демократската партија на претседателот Обама побараа акција за поостри закони во контролата на оружјето.

Националната асоцијација за оружје, најистакнатата американска организација која лобира за правото да се поседува оружје, одби да ја коментира трагедијата во Конектикат.

Сепак, еден од нејзините поистакнати членови, демократскиот сенатор Џо Манчин изјави дека е време за сериозна дискусија за разумно ограничување на оружјето, односно за забрана на продажбата на офанзивно огнено оружје.

Законот за забрана на ваков вид оружје, како например полуавтоматската пушка што беше употребена во Конектикат, истече во 2004 година, откако беше во сила 10 години.
Некои законодавци побараа повторно воведување на овој закон, како и забрана на продажба на соодветна муниција.

Исто така се бара и подетално испитување на начините како државата да се однесува со лицата со сериозни ментални заболувања.

Даниел Малој, гувернер на Конектикат.

Даниел Малој, гувернер на Конектикат.


Гувернерот на Конектикат Даниел Мелој побара и таканаречена федерална рамка за ограничување на сопственоста на брзопотезни пиштоли.

„Релност е дека со нив се претера и оти е премногу лесно да се поседуваат. Целата поента е што во Конектикат има такви закони. Но, во отсуство на федерална рамка за ограничување на оружјето и муницијата што се користи, ниедна држава никогаш нема да биде безбедна само врз основа на нејзините сопствени закони.“

Правата за поседување на оружје во Соединетите држави се заштитени со Вториот амандман на американскиот Устав.

Конзервативниот сенатор од редовите на демократите Џо Манчин кој за себе вели дека е горд ловџија наведува:

„Не познавам никој во областа на спортот или ловот кој се шета со офанзивно оружје. Впрочем секој горд член на Националната асоцијација за оружје е и горд татко, мајка, дедо или баба.“
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG