Достапни линкови

Кипар би можело да банкротира доколку за неколку дена не постигне спогодба за помош од околу 300 милиони евра со меѓународните кредитори, изјави секретарот во кипарското Министерство за финансии Кристос Патсалидес. Кипар во јуни побара пакет помош, откако двете најголеми домашни банки, кои во голема мера беа изложени на долговите на грчките банки, побараа помош бидејќи не успеале да ги исполнат новите прописи за нивото на капитал на банките во Европската унија.
XS
SM
MD
LG