Достапни линкови

Белата Куќа нема конкретни предлози за превенција на масакри


Белата Куќа соопшти дека нема подготвено конкретни предлози за превенција на оружени масакри, како оној што се случи деновиве во Конектикат. Претседателот на САД Барак Обама во неделата, на мисата за 26-те жртви се заложи дека ќе ја употреби својата моќ да се обиде да ја намали појавата на вакви масовни убиства. Портпаролот на Белата Куќа Џеј Карни изјави дека намалувањето на оруженото насилство е комплексен проблем кој бара сеопфатно решение, а не само нови закони за оружје и рестрикции.
Членови на Демократската партија на Обама и други, вклучувајќи го и гувернерот на Конектикат, повикаа на акција за заострена контрола на законите за оружје.
XS
SM
MD
LG