Достапни линкови

Најавени нови протести на египетската опозиција


Поддржувачите на египетската опозиција планираат денеска да одржат нови протести против нацрт- уставот поддржан од Исламистите. Опозицијата смета дека нацртот ги крати загарантираните модерни демократски права на сите граѓани. Опозицијата исто така тврди дека во првиот круг на гласањето за новиот устав во саботата имало изборни незаконитости.
Инаку, вториот круг е закажан за в сабота. Муслиманското братство, кое го поддржува претседателот Мухамед Морси, соопшти дека 57 насто од избирачите гласале за уставот во првиот круг.
Во меѓувреме, новиот главен обвинител Талат Ибрахим поднесе оставка, помалку од еден месец откако беше назначен на таа функција од страна на Морси. Вчера пред неговата канцеларија во Каиро, стотици обвинители протестираа, барајќи оставка од Ибрахим.
XS
SM
MD
LG