Достапни линкови

logo-print

Иран е за излез од ќорсокакот со Меѓународната заедница


Али Акбар Салехи

Али Акбар Салехи

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи изјави дека мора да биде најден начин за прекин на застојот меѓу Техеран и Меѓународната заедница во врска со нуклеарната програма на Исламската република. Тој истакна дека и двете страни имаат заклучено дека мора да излезат од овој ќорсокак. Салехи не понуди нови иницијативи за завршување на оваа состојба и не најави кога би биле продолжени разговорите меѓу Иран и 6-те светски сили.
Портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд изјави дека САД се подготвени да ги продолжат разговорите со Иран, кога Техеран ќе биде сериозен во врска со преговорите.
Извештаите сугерираат дека нови разговори би можеле да се одржат овој или идниот месец. Последниот состанок во јуни во Москва заврши без напредок.
Инаку, Иран негира дека се обидува да развие нуклеарно оружје, за што е обвинет од Западот.
XS
SM
MD
LG