Достапни линкови

Путин и Јанукович на средба за рускиот гас


Намалување на износот што Украина го плаќа за рускиот природен гас, најверојатно ќе биде на агендата на денешната средба во Москва меѓу претседателите на двете земји Виктор Јанукович и Владимир Путин. Украина соопшти дека се труди да ја плаќа сегашната цена од 430 долари за 1000 кубни метри гас. Сепак, Киев отфрла да и даде отстапки на Москва во замена за поевтинување.
Русија соопшти дека сака да добие удел во украинските гасоводи кои пренесуваат голем дел од рускиот гас што оди во Западна Европа.
Москва исто така ја повика Украина да се приклучи кон царинската унија меѓу Русија, Белорусија и Казахстан.
XS
SM
MD
LG