Достапни линкови

logo-print

Хашкиот трибунал треба да ги заврши случаите до 2014 година


Русија го критикува Хашкиот трибунал за ослободувањето на Готовина и Маркач

Русија го критикува Хашкиот трибунал за ослободувањето на Готовина и Маркач

Советот за безбедност на ОН изгласа продолжување на операциите на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија. Советот исто така го повика трибуналот да ги комплетира неговите процеси до крајот на 2014 година, а до 15 април идната година да презентира план за завршување на случаите.
За оваа мерка гласаа 14 земји членки на советот, освен Русија, која беше воздржана. Русија, која е сојузник на Србија, го критикува трибуналот во Хаг поради неговите последни одлуки за ослободување на двајцата хрватски генерали и Рамуш Харадинај, кои беа обвинети за злосторства против Срби.
XS
SM
MD
LG