Достапни линкови

logo-print

Ниту координацијата не ги испегла разликите за буџетот


Координативна средба кај претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски

Координативна средба кај претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски

Координацијата кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за деблокада на донесувањето на Буџетот за 2013 попладнево заврши без договор, туку само со препорака од страна на првиот човек на законодавниот дом за интензивирање на работата на собраниските комисии на кои се разгледуваат амандманите на Буџетот. Договорено е координацијата за Буџетот да продолжи во среда во 10 часот.

И власта, а и опозицијата не отстапуваат од своите ставови по однос на предлог законот за буџет. За владејачкото мнозинство, опозицијата врши политичко насилство и ги држи под заложништво сите во државата. За опозицијата предложениот буџет е ненароден и во голем дел наменет за споменици, луксузни автомобили, мебел, криминал и корупција.
Ние велиме ајде да нема пари за луксузни возила, дајте да дадеме пари за социјални трансфери, владата вели не, ни ги одбиваат амандманите“, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ.


„Ние велиме ајде да нема пари за луксузни возила, дајте да дадеме пари за социјални трансфери, владата вели не, ни ги одбиваат амандманите“, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски.

Споротивно на ваквите тврдења, министерот за финансии Зоран Ставрески тврди дека овој буџет е добро осмислен и развоен. Опозицијата, вели Ставревски, настапува со ултиматум, а не со конструктивност.
Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Министерот за финансии Зоран Ставрески.


„Опозицијата предлага да се скратат цели 80 милиони од здравството, предлага лабараториите кои се веќе набавени, 4 милиони евра да не се платат, прдлага спортски сали за децата да не градиме.“
Опозицијата предлага да се скратат цели 80 милиони од здравството, предлага лабараториите кои се веќе набавени, 4 милиони евра да не се платат, прдлага спортски сали за децата да не градиме.

Кратењето на преку 11 проценти од буџетот кој ги бара СДСМ заедно со пратеникот Изет Зекири е недозволиво, оти тоа ќе ја спречи реализиацијата на владината програма, вели Ставревски.

За разлика од власта која тврди дека недонесувањето на буџетот ќе повлече негативни последици за целокуплата економија и ќе ги закочи социјалните трансфери, опозицијата уверува дека ништо спектакуларно нема да се случи. Тито Петковски од НСДП вели дека можното времено финансирање веќе било применето во 2002 година и се функционирало нормално.

„Не може да се доведе во прашање она што е редовно, се разбира со одлуката на времено финансирање не може да се градат споменици.“

Од ВМРО-ДПМНЕ уверуваат во спротивното. Неносењето на буџетот за 2013 година ќе значи целосно уништување на македонската економија, намалување на бруто домашниот производ, но и зголемување на невработеноста.

„Се поинаку е еклатантна закана за сите категории на граѓани коишто ќе бидат длабоко оштетени , закана за цела македонска економија која исто така ќе бид длабоко оштетена.“

За Демократската партија на Албанците случувањата во собранието се политички циклус. Од оваа партија која ги бојкотира координативните средби кај претседателот Трајко Вељановски велат дека и годинашниот буџет е дискриминаторски во однос на распределбата на на буџетот кон Албанците.

Од Националната демократска преродба велат дека ВМРО-ДПМЕ и ДУИ попусто се обидуваат да се договорат околу барањата на опозицијата. Изет Зекири кои има поднесено над 400 амандмани вели дека буџетот нема да помине доколку не бидат прифатени и нивните амандмани.

„ Ние бараме 85 милиони евра за проекти и инвестиции за северо-западниот регион.“

Од Демократскиот Сојуз ги осудија обидите за блокирање на донесување на Буџетот. Од партијата сметаат дека опозицијата и нанесува голема штета на Република Македонија, без причини создава политички тензии и нестабилност и може да го доведе во прашање извршувањето на основните функции на државцните институции.

За опозицијата останува неприфатлив предлогот на спикерот Вељановски да се направи временска рамка од два дена во рамките на која ќе завршат расправите во двете надлежни комисии, за потоа Владата да има време да се произнесе за дополнителниот предлог на СДСМ за буџетски заштеди од 204 милиони евра. Од СДСМ изјавија дека ваквиот предлог не е никакво решение и повторија дека ќе опстојат на своите барања и до крај ќе се борат за сите предложени амандмани. Опозицијата поднесе 1225 амандмани на предлог законот за буџет, а од нив повеќе од 400 се на пратеникот Изет Зекири.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG