Достапни линкови

ЕУ со критики за националистичките изјави од албанските политичари


Премиерот на Албанија Сали Бериша.

Премиерот на Албанија Сали Бериша.

Амбасадорот на Европската унија во Албанија, Еторе Секуи денеска во Тирана ги предупреди албанските политичари дека со националистичките изјави можат да ги загрозат добрососедските односи со земјите од регинот.

„Албанија мора да се држи подалеку од однесувањето што е спротивно на добрососедските одоси. Тоа е став на сите 27 земји-членки на ЕУ“, истакна Секуи.

Тој посочи дека се согласува со американскиот амбасадор во Албанија, Александер Арвизу, кој на 13 декември изјави дека националистичките истапи на албанските политичари претставуваат „опасна игра“.

Арвизу ги повика албанските граѓани да не им веруваат на приказните за „илузорна голема Албанија“.
XS
SM
MD
LG