Достапни линкови

logo-print

Самарас и Борисов - Македонија да гради добрососедски односи


Премиерот на Бугарија Бојко Борисов.

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов.

Грција и Бугарија се согласуваат со текстот, усвоен едногласно од ЕУ во врска со Македонија, во кој како предуслов е утврдено почитувањето на добрососедските односи, изјави денеска во Атина грчкиот премиер Андонис Самарас на заедничка прес-конференција со неговиот бугарски колега Бојко Борисов.

Истакнувајќи ја заедничката поддршка на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, Самарас додаде дека почитувањето на добрососедските односи ќе се набљудува и ќе се оценува, јави дописникот на МИА од Атина.

„Во вакво време на криза и проблеми во целиот свет, конфликтите и иредентизмот не водат никаде. Секоја земја мора да сфати дека таквите политики не можат да бидат услов за интеграција“, изјави Самарас.

Според Борисов, Бугарија најмногу ја поддржала Македонија во нејзината европска интеграција.

„Не можам да прифатам да се прават филмови против Бугарија на тема спасување на Евреите за време на нацизмот. Бугарија спаси 50 илјади Евреи и тоа го признаваат сите, вклучувајќи го и Израел“, изјави Борисов.
XS
SM
MD
LG