Достапни линкови

Москва не е најскап град за живеење во Русија


Екатеринбург. Административната зграда на регионот Свердловск.

Екатеринбург. Административната зграда на регионот Свердловск.

Москва не е најскап град за живеење во Русија, покажува истражувањето на Руската јавна комора. Шефот на комората Михаил Попов вели дека во истражувањето кое е правено врз основа на трошоците за транспорт, гориво, домување, комуналии и храна во руските градови што имаат повеќе од еден милион жители, Москва е на четврто место. Најскап град за живеење е Хабаровск. На жителите на овој град на брегот на реката Амур во источен Сибир им требаат најмалку 16.400 рубљи или околу 500 долари месечно за основните животни потреби. Потоа следува градот Екатеринбург во планинскиот регион на Урал(435 долари), па сибирскиот град Краснојарск(425 долари месечно).
XS
SM
MD
LG