Достапни линкови

Најмалку 19 загинати во денешниот бран напади во Ирак


Најмалку 19 луѓе загинаа во денешниот бран напади во Ирак. Најмногу жртви има во етнички мешаните средини на северот на земјата. Најмалку 7 луѓе загинале, а 11 се повредени во бомбашки напад во село близу до градот Мосул. Во два напади со автомобил-бомба во градот Туз Хурмато, пак, загинале најмалку 5, а 24 луѓе биле ранети. Северните делови на Ирак, што се населени со Арапи, Туркмени и Курди, во последно време се центар на тензиите меѓу централната власт и автономната област Курдистан. Во градот Бакуба северно од Багдад, кој е со верски мешано население, во експлозија на мина загина еден човек, а најмалку 10 се повредени. Сè уште не се знае кој стои зад нападите.
XS
SM
MD
LG