Достапни линкови

Оставки на членовите предложени од СДСМ во Комисијата за лустрација


Членовите на Комисијата за лустрација Јанаке Витановски и Благоја Гешовски денеска поднесоа оставки на функцијата. Витановски и Гешовски, кои беа предложени од СДСМ, сметаат дека лустрацијата оди во погрешна насока и ја промашила целта.

Тие сметаат дека Комисијата е тенденциозна и селективна и оти се претворила во инструмент на власта за пресметка со неистомислениците. Забалежуваат и што веќе 1,5 година, и покрај истекувањето на претседателскиот мандат, ја предводи Томе Аџиев, што, според нив е спротивно на законот. Тие се пожалија дека во повеќе наврати со надгласување, намерно се изоставиле голем број актуелни функционери и оти се амнестирале од одговорност вистинските соработници на тајните служби, а акцентот постојано се ставал на поранешните функционери.

За членството во Комисијата за лустрација в среда ќе се изјасни и Чедомир Дамјановски, кој е предлог на ЛДП.

За Аџиев, оставките на Витановски и Гешовски се очекувани и најави дека Комисијата ќе продолжи да функционира бидејќи има кворум за работа. Комисијата, според него, работи врз основа на документи.
XS
SM
MD
LG