Достапни линкови

Харадинај сака да стане премиер на Косово следниот месец


Лидерот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај и косовскиот премиер Хашим Тачи.

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај и косовскиот премиер Хашим Тачи.

Рамуш Харадинај, кого Хашкиот трибунал неодамна го ослободи од обвинението за воени злосторства, сака да стане премиер на Косово уште наредниот месец. Во интервју за германската агенција ДПА, Харадинај вистакна дека сегашниот премиер Хашим Тачи во принцип веќе се согласил тој да биде негов наследник.

„Тачи потоа би можел да биде претседател на Косово, а таа промена веќе во јануари може да ја овозможи Парламентот“, вели Харадинај.

Актуелната претседателка Атифете Јахјага минатата недела ја отфрли можноста за предвремено повлекување.

Харадинај во конфликтот на Косово во 1998-1999 година беше командант на ОВК.
XS
SM
MD
LG