Достапни линкови

ЕУ бара решение за Нагорно-Карабах од Азербејџан и Ерменија


Ерменски војници на вежба во Нагорно-Карабах.

Ерменски војници на вежба во Нагорно-Карабах.

Претставници на Азербејџан и на ЕУ се сретнаа во Брисел на разговори за замрзнатиот конфликт околу областа Нагорно-Карабах. Кипарската министерка за надворешни работи Ерато Казаку-Маркулис, која ја претставува ЕУ, рече дека Брисел нема намера да и се приклучи на Групата од Минск на ОБСЕ која моментно посредува во конфликтот, но изрази разочараност што и по 20 години посредување не е обезбедено трајно решение. Азербејџанскиот шеф на дипломатијата Елмар Мамадиаров на прес-конференцијата вети дека Баку ќе ги засили напорите за да дојде до повлекување на ерменските сили од Нагорно-Карабах. Тој рече дека Ерменците што живеат таму треба да станат лојални граѓани на Азербејџан. Европските претставници во текот на денешниот ден во Брисел треба да се сретнат со министерот за надворешни работи на Ерменија.
XS
SM
MD
LG