Достапни линкови

Басеску му даде мандат за формирање влада на Виктор Понта


Романскиот премиер Виктор Понта.

Романскиот премиер Виктор Понта.

Романскиот претседател Трајан Басеску му го даде мандатот за формирање влада на неговиот политички противник Виктор Понта. Со тоа се намалува загриженоста за стабилноста на владата поради континуираните тензии меѓу двајцата политичари. Социјалистичката коалиција на Понта во јули предложи импичмент за Басеску, но референдумот за отповикување на претседателот беше неуспешен поради недоволен одѕив на гласачите. Басеску подоцна изјави дека веќе никогаш нема да му го даде мандатот за формирање влада на Понта. Сепак, социјалистите на Понта победија на парламентарните избори од 9 декември со околу 60 отсто од гласовите, далеку повеќе од десно-центристичката коалиција на Басеску.
XS
SM
MD
LG