Достапни линкови

Кординација за буџетот кај Вељаноски, ДПА бојкотира


Архивска фотографија-Координативна средба со политичките партии во кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. СДСМ не присуствува. 09 јули l2012

Архивска фотографија-Координативна средба со политичките партии во кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. СДСМ не присуствува. 09 јули l2012

На денешната координативна средба кај претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски на која се разгледува динамиката и деблокирањето на буџетот за 2013-та година, покрај потпретседателите на Собранието и координаторите на дел од пратеничките групи, се и претседателите на Комисијата за финансирање и буџет Марјанчо Николов од СДСМ, претседателката на Законодавно-правната Комсија Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. И овојпат пратеничката група на ДПА не е присутна, односно ја бојкотира координацијата кај Вељаноски.

Вељаноски ја закажа координацијата по вчерашните инциденти на седниците на Законодаво-правната и на Комисијата за финансирање и буџет на кои се разгледуваше Буџетот за 2013 година.

Власта ја обвинува опозицијата дека со многубројните поднесени амандмани го бликира донесувањето на буџетот со што се доведуваат во прашање функционирањето на државата и исплатата на пензиите, социјалната помош, земјоделските субвенции, како и платите на админситрацијата.

Опозицијата, пак, бара да се прифати нивниот предлог за скратување на трошењата од буџетот за дадат зелено светло за државната каса за 2013 година.
XS
SM
MD
LG