Достапни линкови

logo-print

Масовни само „спонтаните“ контрапротести


Земјоделци со трактори, пензионери, социјалци, протестираа мирно во центарот на Прилеп и пред седиштето на СДСМ. Тие побараат пратениците во Парламентот да го донесат буџетот за 2013 година.

Земјоделци со трактори, пензионери, социјалци, протестираа мирно во центарот на Прилеп и пред седиштето на СДСМ. Тие побараат пратениците во Парламентот да го донесат буџетот за 2013 година.

Кога треба да се протестира за проблемите кои ги засегаат граѓаните како поскапувањата на струјата, парното и горивата сите се плашат да излезат и да пружат поддршка, а кога треба да се брани владината политика и буџетот земјоделците, пензионерите и социјалците „спонтано“ се организираат.

Сведоци сме дека протестите во Македонија стануваат еден вид на лакрдија, велат упатените. Кога треба да се протестира за проблемите кои ги засегаат граѓаните како поскапувањата на струјата, парното и горивата сите се плашат да излезат и да пружат поддршка, а кога треба да се брани владината политика и буџетот земјоделците, пензионерите и социјалците „спонтано“ се организираат.
Партиите манипулираат со нивното членство и ги користат како теледиригирани андроиди кои излегуваат на секој повик на нивната матична партија, најчесто и не знаат зошто се излезени на протест, меѓутоа слепо ги следат наредбите, затоа што се условени или уценети со некакви финансиски прашања или со работно место или со било како.


Васко Лазаревски од граѓанската иницијатива „АМАН“ вели дека кога има автентичен протест заради некоја состојба во општеството не само што нема одзив, туку граѓаните се соочуваат со притисоци да не учествуваат, бидејќи ќе имаат последици.
Пензионери протестираа мирно во центарот на Велес. Тие побараат пратениците во Парламентот да го донесат буџетот за 2013 година.

Пензионери протестираа мирно во центарот на Велес. Тие побараат пратениците во Парламентот да го донесат буџетот за 2013 година.


„Од друга страна партиите манипулираат со нивното членство и ги користат како теледиригирани андроиди кои излегуваат на секој повик на нивната матична партија, најчесто и не знаат зошто се излезени на протест, меѓутоа слепо ги следат наредбите, затоа што се условени или уценети со некакви финансиски прашања или со работно место или со било како...“

Политичкиот аналитичар и член на здружението Солидарност Артан Садику, вели дека во Македонија се уште се пати од не можноста граѓаните да се мобилизираат пред се против лошите владини одлуки.

„Од друга страна вчерашните собири на граѓаните може да ги гледаме како еден од методите со кои власта се служи во нејзината замислена политичка битка со опозицијата, така да вчерашните собири и настани не можат да се сметаат како граѓански протести, туку само како една форма на политичка битка.“
Вчерашните собири на граѓаните може да ги гледаме како еден од методите со кои власта се служи во нејзината замислена политичка битка со опозицијата, така да вчерашните собири и настани не можат да се сметаат како граѓански протести.

Според Лазаревски сето ова покажува дека вистински, автентичен дијалог не постои со што во голема мера се нарушуваат правата и слободите на граѓаните.

„Затоа што се воведува строга контрола врз се што се случува во државата. Граѓанинот треба двапати да размисли дали гласно ќе зборува за проблемите кои лично ги има тој или неговата заедница на која ќе припаѓа или слепо ќе ги прати наредбите на партијата и ќе ги застапува дневните интереси на партијата на којашто е член.“

Според Садику проблемот не е кај стравот на граѓаните, туку е посуштински.

„Проблемот на организирање и на мобилизирање на граѓаните не е стравот, бидејќи на одредени сегменти во нашето општество ситуацијата им е толку лоша, што стравот не би можел да ги задржи луѓето, тие да не се мобилизираат на одреден начин на протести.“

Според експертите граѓаните треба да сфатат дека тие како единки можат да бидат дел и да ја креираат политичката сцена.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG