Достапни линкови

Ваши коментари - Не за ЕУ


Судејќи според коментарите на нашата веб-страница, се чини, особено на Македонците, им е преку глава и од ЕУ и од дополнителните услови што Европската комисија ги придодава кога станува збор за извештаите за нашава земја.

Се надевам дека некој од Македонија ќе ѝ каже на ЕУ: Благодарам, ама вака повеќе НЕ!!!, дури со три извичници ја завршил својата порака панБан од Прага, коментирајќи ја последната одлука на Брисел за Македонија. Судејќи и според другите коментари на нашата веб-страница, се чини, особено на Македонците, им е преку глава и од ЕУ, и од дополнителните услови што Европската комисија ги придодава кога станува збор за извештаите за нашава земја, во форма на инсистирање на подобрување на добрососедските односи.
Дали воопшто вреди да се влегува во заедница на држави која не ги почитува ниту сопствените цивилизациски вредности?
Коментар на граѓанин.


Некој потпишан со „Објективен граѓанин“ прашува дали воопшто вреди да се влегува во заедница на држави која не ги почитува ниту сопствените цивилизациски вредности?
Средба на премиерот Никола Груевски и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Штефан Филе
Средба на премиерот Никола Груевски и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Штефан Филе

Горан коментира дека веќе му е смачено од порази и вели, другиот ќе те омаловажува, ќе ги менува правилата на игра кога ќе му текне, ќе ти биде и противник и судија во исто време...“. Во друга порака, исто така Горан смета дека Бугарите ни забиваат нож в грб и дека тоа е типичен пример на бугарски добрососедски однос, како што пишува.
зарем власта толку се плаши од Бранко, па Латас, вели, уште не кажал збор во Дневникот, почнува со Бранко - СДСМ беше казнет од граѓаните за лошата политика и за грешките, сега и ВМРО работи на своја штета.
Коментар на граѓанин.

Редовниот испраќач на пораки Владо од Скопје испратил премногу долг коментар во два дела, што дури е тешко да се интерпретира. Главно, сета своја лутина и револт ги насочува кон Бугарија, Грција и кон ЕУ, нарекувајќи го однесувањето на Унијата лицемерно.

Мирче Владимиров, пак, порачува дека не треба самите да си извршиме национална егзекуција со промената на името, зашто во тој случај не ќе можеме самите да се жалиме, зашто ќе бидеме мртви. Исто така редовниот Полат Алемдар праќа долг коментар во кој предвидува дека мултинационалната Европа ќе се распаднела како што се распаднала и мултинационална Југославија.

Ники од Македонија пишува дека постоењето на суверена и независна Република Македонија е факт и дека никакви негирања и расправи за историјата не можат да го сменат тоа.

Во врска со „Партискиот мајтап за буџетот на сметка на граѓаните“, како што е насловена нашата информација за натегањата власт-опозиција во Собранието околу новиот буџет, само коментарот од Мастер е против СДСМ, велејќи дека одговорноста за евентуално недонесување на буџетот ќе биде одговорност на опозициската партија.

Другите пораки ја напаѓаат власта за прекумерно трошење, дека другите општини не гледаат ништо од буџетските пари, а Јовица од Куманово прашува зарем власта толку се плаши од Бранко, па Латас, вели, уште не кажал збор во Дневникот, почнува со Бранко - СДСМ беше казнет од граѓаните за лошата политика и за грешките, сега и ВМРО работи на своја штета. Јован од Прилеп вели дека има уште 1000 страници за пишување за изминатите шест години „успешна влада“ (во наводници).
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG