Достапни линкови

logo-print

Премиерот Груевски во официјална посета на Хрватска


Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска престојува во посета на Република Хрватска каде ќе има средба со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.
За време на посетата ќе биде потпишан договор за евроатлантско партнерство меѓу Република Македонија и Република Хрватска. Од македонска страна договорот ќе го потпише министерот за надворешни работи Никола Попоски, а од страна на домаќините Весна Лусиќ, потпретседател на Владата и министер за надворешни и европски работи.
XS
SM
MD
LG