Достапни линкови

Бугарската блокада на Македонија контрапродуктивна


Јанoш Бугајски

Јанoш Бугајски

Одлуката на Бугарија да стави вето за почеток на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ е контрапродуктивна не само за Македонија, туку и за целиот регион, оценува американскиот експерт за Балканот Јанoш Бугајски коментирајќи ја позицијата на Бугарија.
- „Тоа е самоуништувачка политика која може да придонесе за дестабилизација на регионот. Ако Македонија биде блокирана на неопределено време како и со членството во НАТО така и во ЕУ, ќе уследи внатрешна нестабилност во земјата. Особено меѓу албанското малцинство има силно незадоволство поради недостиг од напредок кон евроинтеграциите„,
изјави Бугајски за Бугарското национално радио.
Бугајски кој е експерт за ЈИЕ во Центарот за стратегиски и меѓународни истражувања во Вашингтон во однос на мотивите на Софија поврзани со историјата на двете земји и обидите на Македонија, како што се наведува, да ја присвои бугарската историја, вели „дека не е многу сигурен што точно бараат Бугарите зашто секогаш ќе постојат националисти во Македонија кои ќе претендираат за делови од бугарската историја“.
„Мислам дека бугарската позиција по тоа прашање само ќе ги распали уште повеќе негативните страсти на националистите кои ќе бидат употребени од македонската Влада“, заклучува Јанoш Бугајски.
XS
SM
MD
LG