Достапни линкови

Јапонскиот премиер го призна поразот на изборите


Јапонскиот премиер Јошихико Нода.

Јапонскиот премиер Јошихико Нода.

Јапонскиот премиер Јошихико Нода го призна поразот на парламентарните избори и рече дека ќе се повлече од лидерската позиција во неговата Демократска партија.

Излезните анкети покажуваат дека конзервативната Либерално-демократска партија(ЛДП) освои апсолутно мнозинство на вчерашните парламентарни избори во Јапонија, со освоени околу 300 пратенички места во 480-члениот парламент. ЛДП владееше со Јапонија со децении сè додека не изгуби на изборите во 2009 година.

Годинашните избори се случуваат во време на зголемени тензии со Кина за група спорни ненаселени острови во Источното Кинеско Море. Лидерот на ЛДП Шинзо Абе, кој е голем националист, а се очекува да биде нов јапонски премиер, вети поагресивна надворешна политика. Тој рече дека островите ѝ припаѓаат на Јапонија. Абе беше премиер во периодот 2006-2007 година, но се повлече поради здравствени проблеми.

Се чини дека владејчката Демократска партија на премиерот Нода ги разочара гласачате со неуспехот да се справи со економската криза и со ланската нуклеарна катастрофа во Фукушима.
XS
SM
MD
LG