Достапни линкови

Жерар Депардје се откажува од францускиот пасош


Францускиот актер Жерар Депардје.

Францускиот актер Жерар Депардје го обвини социјалистичкиот премиер на Франција Жан-Марк Ајро дека го навредил и дека во знак на протест се откажува од францускиот пасош. Премиерот Ајро минатата недела рече дека Депардје е патетичен и непатриот, откако се дозна дека 64-годишниот актер се преселил во село во Белгија, на два километри од француската граница, очигледно за да избегне да плаќа данок во Франција. Неделникот Ла журнал ди Диманш денеска објави отворено писмо во кое актерот го обвинува премиерот за нефер третман. Депардје вели дека платил 85 отсто данок на своите приходи во 2012 година. Жерар Депардје е еден од најпознатите француски актери од неговата генерација. Тој им се придружи на други богати Французи кои купуваат имот во селото Нечин во Белгија за да ги избегнат високите француски даноци.
XS
SM
MD
LG