Достапни линкови

logo-print

Конзервативците се враќаат на власт во Јапонија


Лидерот на јапонската Либерално-демократска партија Шинзо Абе.

Лидерот на јапонската Либерално-демократска партија Шинзо Абе.

Излезните анкети покажуваат дека конзервативната Либерално-демократска партија(ЛДП) освои апсолутно мнозинство на вчерашните парламентарни избори во Јапонија. Се очекува, партијата да освои 310 пратенички места во 480-члениот парламент. ЛДП владееше со Јапонија со децении сè додека не изгуби на изборите во 2009 година.

Годинашните избори се случуваат во време на зголемени тензии со Кина за група спорни ненаселени острови во Источното Кинеско Море. Лидерот на ЛДП Шинзо Абе, кој е голем националист, вети поагресивна надворешна политика. Абе беше премиер во периодот 2006-2007 година, но се повлече поради здравствени проблеми.

Се чини дека владејчката Демократска партија на Јапонија ги разочара гласaчате со неуспехот да се справи со економската криза и со ланската нуклеарна катастрофа во Фукушима.
XS
SM
MD
LG