Достапни линкови

„Жешка“ расправа за предлог-буџетот, настада ноктот на пратеничката Дулиќ


Тензична атмосфера, обвинувања, препукувања и скршен нокт на претседателката на Законодавно-правната комисија во Собранието Благородна Дулиќ е епилогот од претпладневната расправа за предлог-буџетот за 2013 година.

Пратениците од СДСМ побараа да не се одржуваат во исто време седници на Комисијата за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија на кои се расправа за предлог-буџетот. Опозицијата тврди е спротивно на деловникот Законодавно-правната комисија да расправа за амандмани, за кои сè уште не расправала матичната Комисија за финансирање и буџет.

Во Законодавно-правната комисија се префлија повеќето пратеници, каде дојде до големи тензии. Работата излезе од контрола откако пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благородна Дулиќ, која претседава со Комисијата, не и дозволи на пратеничката Цветанка Иванова од СДСМ процедурално да реагира на водењето на седницата. Пратениците од опозицијата застанаа пред претседателката Благородна Дулиќ и ѝ го земаа микрофонот. Пратеничката Дулиќ обвини дека Иванова ја удрила по рака и ѝ го скршила ноктот.

Како реакција на, како што велат, кршењето на процедурите, пратениците од опозицијата почнаа да ги исклучуваат и спуштаат микрофоните, а во еден момент Јани Макрадули ја „онеспособи“ собраниската камера, одвртувајќи ги „контактите“, јави телевизија Телма.

На дневен ред во комисиската расправа се 1.225 амандмани поднесени од СДСМ, НДП и ДПА.

Вчера СДСМ предложи кратење на трошоците од буџетот за 204,8 милиони евра како услов за повлекување на амандманите.
XS
SM
MD
LG