Достапни линкови

logo-print

Се зголемуваат тензиите на комисиската расправа за буџетот


Архивска фотографија: Собраниска комисија за финансирање и буџет.

Архивска фотографија: Собраниска комисија за финансирање и буџет.

Со паузи и тензично во дискусиите се одржува продолжението на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која на дневен ред е Предлог-буџетот за 2013 година, јави државната новинска агенција МИА.

Игор Ивановски од СДСМ рече дека власта се обидува работата за буџетот да ја префрли од матичната во Законодавно-правна комисија која, како што рече, има деловничко право да ги разгледува само поминатите амандмани, без да расправа за тие кои сè уште не се стигнати на ред во матичната Комисија за финансирање и буџет.

Според Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, целта на СДСМ е да го блокира донесувањето на буџетот за 2013 и дека последиците од тоа ќе ги трпат сите граѓани на Македонија.

Претседателот на Комисијата Марјанчо Николов го одби барањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се стави на гласање предлогот при второто читање на Предлог-буџетот да се применуваат одредбите од Деловникот за работата на Собранието на РМ, зашто Комисијата за финансирање и буџет нема свој деловник. Со тоа треба да се ограничат дискусиите, зашто, како што рече Бонева, сите деловнички рокови се веќе изминати.

Ивановски рече дека до Владата ќе го достават нивниот Предлог-план за буџетски заштеди, кој вчера СДСМ го дефинирал на седницата на Централниот одбор.
XS
SM
MD
LG