Достапни линкови

logo-print

Казахтанската опозиција ја одбележува годишнината од немирите во Жанаозен


Положување цвеќиња за сеќавање на жртвите од Жанаозен во градот Караганда.

Положување цвеќиња за сеќавање на жртвите од Жанаозен во градот Караганда.

Казахтанската опозиција ја одбележува годишнината од немирите во градот Жанаозен на западот на земјата, во кои загинаа 16, а повеќе од 100 луѓе беа повредени. Десетици опозициски активисти се собраа пред Споменикот на независноста во најголемиот град во земјата Алмати да положат цвеќе во знак на сеќавање на загинатите во ланските немири. Полицијата беше присутна на настанот, но не реагираше. Слични церемонии се одржаа и во други градови, меѓу кои и во главниот град Астана.

Ланските судири почнаа на 16 декември за време на прославата на Денот на независноста, кога полицијата почна да пука кон мирните демонстранти. До судирите дојде по неколкумесечните протести на работниците од нафтената индустрија, кои беа отпуштени откако штрајкуваа барајќи повисоки плати и подобри услови за работа. По ланските случувања во Жанаозен следуваше голема операција за апсење и судење на опозициски активисти и затворање на независни медиуми. Властите забранија прослави за Денот на независноста во Жанаозен, стравувајќи од нови насилства.
XS
SM
MD
LG