Достапни линкови

Убиени бомбашите на аеродромот во Пешавар


Илустрација.

Илустрација.

Петмината милитанти биле убиени во престрелка со пакистанската полиција. Милитантите се сомничат дека се одговорни за вчерашниот напад врз аеродромот во Пешавар на северозападот на земјата. Властите соопштија дека милитантите се криеле во една зграда во изградба во близина на аеродромот. Тројца милитанти биле убиени во неколкучасовната престрелка изутрината, а двајца ги активирале самоубиствените бомбашки појаси во зградата, информира полицијата. Во престрелката загинал и еден полицаец.

Портпаролот на пакистанските талибанци ја презеде одговорноста за вчерашниот ракетен напад врз аеродромот, кога загинаа најмалку четворица цивили, а повеќе од 30 беа повредени. Армијата соопшти дека милитантите не влегле на аеродромот, кој освен што е цивилен, во исто време е и воена база на пакистанското воздухопловство.

Пешавар е во близина на регионите кои се силни упоришта на талибанците и на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG