Достапни линкови

Антинационалистички и антирасистички протест во Атина


Илустрација: Атина.

Илустрација: Атина.

Повеќе стотици грчки и активисти од дваесетина земји синоќа протестираа во центарот на Атина против растечкиот расизам, антисемитизам и неонацизам во грчкото општество и во Европа. Како што пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА, организаторите го нарекле митингот „голема европска битка за демократија“. Полицијата соопшти дека на централниот атински плоштад Синтагма синоќа се собраа околу 500 луѓе, додека организаторите тврдат дека имало двојно повеќе.

Меѓу демонстрантите имаше атињани, имигранти, интелектуалци, уметници, припадници на антирастистички движења и пратеници на левичарските партии, наведува АНА-МПА, дополнувајќи дека меѓу насобраните биле и францускиот ловец на нацисти Серж Кларсфелд и италијанскиот книжевник и нобеловец Дарио
Фо. На демонстрантите им се придружи и атинскиот градоначалник Јоргос Каминис.

„Знаеме дека постојат одредени политички сили кои се обидуваат да ги обвинат имигрантите за сите проблеми во земјата. Тоа е неприфатливо, невистинито и неосновано“, рече Каминис.

Според странските агенции, синоќешниот настан беше насочен против грчката крајно десничарска партија „Златна зора“, која освои седум отсто од гласовите на избирачите на јунските парламентарни избори, со што го обезбеди влегувањето
во парламентот. Оваа партија се сомничи за неколку напади врз имигранти и припадници на малцинските групи во текот на изминатите неколку месеци.
XS
SM
MD
LG