Достапни линкови

Бесими во посета на македонските војници во Авганистан


Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска пристигна во посета на контингентот на Армијата на Република Македонија, кој е дел од силите на ИСАФ во Кабул, Авганистан.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска пристигна во посета на контингентот на Армијата на Република Македонија, кој е дел од силите на ИСАФ во Кабул, Авганистан.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска пристигна во посета на контингентот од АРМ, кој е дел од силите ИСАФ во Кабул, Авганистан. Целта на посетата на министерот Бесими, соопшти Министерството за одбрана, е пред почетокот на 2013 година да се запознае со тековните активности на македонските војници во Авганистан, како и да им посака успешно и професионално извршување на поставените должности на македонските мировници и во иднина.

Во тек на посетата, министерот Бесими ќе се сретне со командантот на силите ИСАФ, генералот Џон Ален. Бесими, според соопштението, ќе укаже на тоа дека Македонија ги поддржува напорите за стабилизација на Авганистан.

Во моментов во Авганистан има 159 македонски војници распоредени на повеќе должности – обезбедување на Командата во ИСАФ во Кабул, како и обука на Авганистанската национална армија. Контингенти од АРМ се дел од силите ИСАФ во Авганистан од 2002 година, кога беа испратени двајца офицери во рамките на турскиот контингент. Досега дел од тие сили беа 1.843 македонски војници.
XS
SM
MD
LG