Достапни линкови

Една година од крвавите судири во Казахстан


Меморијална служба во чест на жртвите од судирите во Жанаозен.

Меморијална служба во чест на жртвите од судирите во Жанаозен.

Денеска се одбележува една година од крвавите судири меѓу полицијата и граѓаните во градот Жанаозен на западот на Казахстан во кои загинаа најмалку 16 луѓе, а повеќе од 100 беа повредени. Судирите почнаа лани на 16 декември за време на прославата на Денот на независноста, кога полицијата почна да пука кон мирните демонстранти. До судирите дојде по неколкумесечните протести на работниците од нафтената индустрија, кои беа отпуштени откако штрајкуваа барајќи повисоки плати и подобри услови за работа. По ланските случувања во Жанаозен следуваше голема операција за апсење и судење на опозициски активисти и затворање на независни медиуми. Властите забранија прослави за Денот на независноста во Жанаозен, стравувајќи од нови насилства.
XS
SM
MD
LG