Достапни линкови

logo-print

Нивиот египетски Устав доби тесно мнозинство на референдумот


Исламистичките сојузници на египетскиот претседател Мохамед Морси соопштија дека на првиот круг од референдумот за спорниот нацрт-Устав, што се одржа вчера, тесно мнозинство од оние кои гласале го поддржале текстот. Муслиманското братство соопшти дека, според нивните податоци, за нацрт-уставот гласале околу 57 отсто од грѓаните. Морси и исламистите велат дека Уставот ќе помогне во демократизација на државата, две години по соборувањето на претседателот Хосни Мубарак. Противниците, пак, критикуваат дека предложениот текст не ги штити основните слободи и правата на малцинствата.

Излезноста на референдумот била висока, но има и информации за инциденти. Официјалните резултати ќе бидат соопштени по втората рунда гласање во остатокот од земјата што треба да се одржи в сабота.

До референдумот доаѓа по неколкунеделните масовни протести во Египет.
XS
SM
MD
LG