Достапни линкови

Пакистанската полиција се судри со милитантите што гранатираа аеродром


Илустрација.

Илустрација.

Полицијата во Пакистан изутрината се судри со милитанти за кои се верува дека се поврзани со нападот врз аеродромот во Пешавар на северозападот на земјата. Властите соопштија дека милитантите се криеле во едно село во близина на аеродромот. Сè уште не се соопштува дали во престрелките има загинати. Портпаролот на пакистанските талибанци ја презеде одговорноста за вчерашниот ракетен напад врз аеродромот, кога загинаа најмалку четворица цивили, а повеќе од 30 беа повредени. Армијата соопшти дека милитантите не влегле на аеродромот, кој освен што е цивилен, во исто време е и воена база на пакистанското воздухопловство. Пешавар е во близина на регионите кои се силни упоришта на талибанците и на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG