Достапни линкови

Нимиц со нов предлог за името во јануари?


Посредникот на ОН Метју Нимиц

Посредникот на ОН Метју Нимиц

Медијаторот на ОН Метју Нимиц на почетокот од јануари во Атина ќе претстави нов предлог за решавање на прашањето за името, јави „Катимерини“. Грчкиот премиер Андонис Самарас по дводневниот самит во Брисел изјави дека постигнување договор за прашањето за името со Атина е клуч за отворање на патот на Македонија кон членство во ЕУ.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Нимиц ќе ја посети Грција во втората недела од јануари за да преговара за нов предлог.
Според извори на „Катимерини“, предлогот не се очекува да биде многу поинаков од оној во јули 2009 кој гласеше „Република Северна Македонија“.
XS
SM
MD
LG