Достапни линкови

Пронајдени 18 тела на имигранти на крајбрежјето на Грција


Илустрација

Илустрација

Грчката крајбрежна стража во близина на островот Лезбос пронашла тела на 18 илегални имигранти. Жртвите се на возраст меѓу 20 и 45 години. Синоќа крајбрежната стража пронашла 20-годишен странец со хипотермичен шок. Тој како што изјавил во петокот изутрина тргнал со турски шверцер и уште 26 лица со гумен чамец од турскиот брег кон островот Лезбос.На средината од патот чамецот се превртел во Егејското море.
Властите го пребаруваат регионот, но поради студот и лошите временски услови не се очекува да има преживеани.
XS
SM
MD
LG