Достапни линкови

Русија негира дека Башар ал Асад ја губи контролата во Сирија


Сирискиот претседател Башар ал Асад при средбата со заменик министерот за надворешни работи Михаил Богданов

Сирискиот претседател Башар ал Асад при средбата со заменик министерот за надворешни работи Михаил Богданов

Русија негираше дека еден од нејзините дипломати изјавил дека сирискиот претседател Башар ал Асад ја губи контролата во неговата земја. Руските новински агенции го цитираа заменик министерот за надворешни работи и специјален преставник за Блискиот Исток Михаил Богданов дека сириската власт прогресивно ја губи контролата и дека победата на опозицијата не може да се исклучи.
Руското министерство за надворешни работи соопшти дека Богданов само го искажал ставот на сириската опозиција и нејзините странски поддржувачи, при што Москва не ја сменила политиката кон Сирија.
XS
SM
MD
LG