Достапни линкови

Обама-срцето на нацијата е скршено по престрелката во Конектикат


Жена со дете пред Методистичка црква во близина на училиштето во Конектикат

Американскиот преседател Барак Обама изјави дека САД треба да делуваат заеднo и да преземат акција по престрелката во едно училиште во Конектикат, при која загинаа 26 лица, меѓу кои 20 деца. Обама во телевизиското обраќање рече и дека срцето на нацијата е скршено.
Полицијата соопшти дека осомничен за убиствата е 20 годишниот Адам Ланза, кој се самоуби по нападот. Полицијата негираше дека мајката на Ланза била наставничка во училиштето.
XS
SM
MD
LG