Достапни линкови

Албанците да не се фокусираат на „Голема Албанија“


САД се загрижени од фактот што инцидентите за време на посетата на премиерот Никола Груевски на Тирана и националистичките говори и провокации за време на говорите на Бериша во и надвор од земјата предизвикале да се откажат посетите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на прославата за 100 - годишнината од независноста.

САД се против каква било промена на границите во регионот и секаков обид во оваа насока е контрапродуктивен и дестабилизирачки.

„Албанците треба да се фокусираат на интеграцијата, а не да зборуваат за соништа и концепти за „Голема Албанија“ како одговор и барање излез од сите реални проблеми кои постојат во Албанија и со кои се соочува земјата“.
„Албанците треба да се фокусираат на интеграцијата, а не да зборуваат за соништа и концепти за „Голема Албанија“ како одговор и барање излез од сите реални проблеми кои постојат во Албанија и со кои се соочува земјата“.

Ова, меѓу другото, го порача амбасадорот на САД во Тирана, Александар Арвизу во своето обраќање на конференција на Албанскиот атлантски совет, .
Тој ја истакна загриженоста на САД од, како што ги нарече, „неодговорни личности“ кои за ситни политички поени ја загрозуваат стабилноста на Балканот и добрососедските односи, пренесуваат медиумите во Албанија.
„Во последно време се повеќе политичките актери во Албанија се одлучуваат на картата на национализмот што целосно го урива имиџот, кој земјата го градела во изминатиот период. Доколку се разбудат ваквите соништа и тенденции ќе биде невозможно да се предвидат или контролираат последиците“,


„Во последно време се повеќе политичките актери во Албанија се одлучуваат на картата на национализмот што целосно го урива имиџот, кој земјата го градела во изминатиот период. Доколку се разбудат ваквите соништа и тенденции ќе биде невозможно да се предвидат или контролираат последиците“,

рече Арвизу и додаде дека САД очекува политичарите да се воздржат од националистички изјави во Албанија, но пред се надвор од неа.

Арвизу истакна дека САД се загрижени од фактот што инцидентите за време на посетата на премиерот Никола Груевски на Тирана и националистичките говори и провокации за време на говорите на Бериша во и надвор од земјата предизвикале да се откажат посетите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на прославата за 100 - годишнината од независноста. Тој додаде дека иако во Албанија ова се минимизира како настан и се прават обиди да се намали значењето на пораката, тоа е, вели, јасен показател за погрешниот правец во развојот на добрососедските односи на Тирана, што е недозволиво.

Арвизу најостро ја осуди и иницијативата на ултранационалистичката Црвено-црна алијанса за референдум за обединување на Албанија и Косово, нарекувајќи ја многу опасна за стабилноста и мирот во регионот.
Американскиот дипломат дополнително го потенцираше инцидентот во Пустец со активистите на и јавно го осуди, притоа повикувајќи дека САД многу темелно ја провериле реалната состојба и дека вакви испади заради политички поени врз македонското национално малцинство се недозволиви.
Албанскиот премиер Сали Бериша, иако беше најавен како главен говорник на конференцијата во последен момент го откажа своето учество.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG