Достапни линкови

Декларација на малцинствата во Албанија за непризнавање на пописот


Македонци во Голо Брдо - Албанија

Македонци во Голо Брдо - Албанија

Претставниците на македонското, грчкото, влашкото, ромското и српско-црногорското малцинство денеска во Тирана потпишаа Декларација против официјалните резултати од Пописот 2011 кој не го признаваат и истата ја испратија до сите албански и меѓународни институции.
„Ние ги сметаме нив за крунисување на сите спроведени активности на штета на малцинствата од страна на државните, политичките и медиумските претставници. Собирањето на податоците за етничката и верската припадност, беше недемократски процес, нетранспарентен и противуставен и се спроведе со безбројни прекршоци, арбитрарни акции, и како што се гледа и податоците се манипулирани. Потврдуваме на категоричен начин, дека бројките објавени за малцинствата и верата, не ја претставуваат реалноста во Албанија, стои во декларацијата.
ЗДекларацијата ја потпишаа, Васил Стерјовски, од македонското малцинство, Лигораќ Карамело од грчкото малцинство, Танас Почи од влашкото малцинство, Павло Јакоја од српско-црногорското малцинство и Арбен Костури од ромското малцинство.
XS
SM
MD
LG