Достапни линкови

Укината ослободителната пресуда за Циле и Реган


Скопскиот Апелациски суд ја укина пресудата на Основниот суд Скопје 1- Скопје со која Васил Тупурковски и Јован Андонов беа ослободени од обвинувањата за злоупотреба на службената положба и овластување vo случајот наречен „Тајвански кредити“. Тупурковски и Јован Андонов-Реган, се некогашни директори на Агенцијата за обнова и развој,
На првиот судски процес, во април 2009 година, Тупурковски беше осуден на казна затвор во траење од три години, а требаше да надомести и штета од 88 милиони денари. Тупурковски, солидарно со неговиот заменик Јован Андонов, кој беше осуден на затворска казна од две години, требаше да надомести уште 61 милион денари или вкупно 2,5 милиони евра. Три месеци подоцна, односно во декември истата година, Апелацискиот суд ја укина пресудата и случајот го врати на повторно судење. По изминати три години, односно во февруари оваа година, Тупурковски и Андонов беа прогласени за невини.
XS
SM
MD
LG