Достапни линкови

Ниски температури, високи сметки


Потрошувачката на струја во изминатите денови од декември е повисока за 25 проценти, како резултат на ниските температурни. Граѓаните велат дека само блага зима е спас од високите сметки за струја и парно.

Само блага зима е спас од високите сметки за струја и парно. Но првиот снег и повисоките сметки ги замрзнаa надежите дека оваа зима граѓаните ќе си поминат поевтино. Дополнителен проблем претставува прашањето дали „Топлификација“, поради проблемите кои ги има ќе продолжи да ги снабдува корисниците. Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека, како и да е, нема да биде како лани.
Евтина беше струјата, сега е многу скапа. Лошо е што ја укинаа дневната евтина тарифа, зашто е погодена сиромаштијата, не се погодени оние семејства каде што двајца работат.


„Не сакам да пресметувам, ме фаќа паника уште сега.“

„Како лани нема да биде, поскапо ќе биде.“

„Евтина беше струјата, сега е многу скапа. Лошо е што ја укинаа дневната евтина тарифа, зашто е погодена сиромаштијата, не се погодени оние семејства каде што двајца работат.“

„За грејната сезона, не знам, немам зборови, се плашам дали ќе можам да ја поминам грејната сезона со три кубика дрва“, велат анкетираните граѓани.
Многу луѓе не можат да се потпишат, но за несреќа имаме многу невработени кои го надополнуваат тој простор, доаѓаат се потпишуваат, истот така и пензионерите во голем број се потпишуваат.

Во меѓувреме граѓанска иницијатива АМАН се бори против укинувањето на дневната евтина тарифа за струјата и новиот правилник на Топлификација, според кој луѓето плаќаат паушален надоместок иако се исклучени. АМАН една недела собира потписи за таа цел. Џељал Хоџиќ од АМАН вели дека досега имаат соберено околу 3.000 потписи. Тој апелира граѓаните помасовно да се потпишуваат, за да се соберат потписите пред Нова Година.

„Се надеваме дека до крајот на декември ќе се заврши сето тоа, за да успееме да ги предадеме на Собранието, за да уште во зимата ги осетиме благодетите од новиот закон.“

Според Хоџиќ, проблем е што собирањето на потписи е во работно време и што луѓето имаат проблем да ги најдат канцелариите каде се собираат потписите.

„Многу луѓе не можат да се потпишат, но за несреќа имаме многу невработени кои го надополнуваат тој простор, доаѓаат се потпишуваат, истот така и пензионерите во голем број се потпишуваат.“
Фактот дека скоро 70 проценти од граѓаните во земјата користат електрична енергија за затоплување на своите домови, веднаш насочува кон тоа дека при екстремно ниски температури, можно е да се јави преоптоварување на мрежата, но само во оние делови кадешто таа не е доволно димензионирана.

Изминатава недела неколку села од Западна Македонија со денови се соочува со нередовно снабдување со електрична енергија, а прекини во снабдувањето имаше и во неколку населби во Скопје. Од ЕВН велат дека за 25 проценти е зголемена потрошувачката на струја од почетокот на месецот.
Граѓанската иницијатива „АМАН“ организира протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата

Граѓанската иницијатива „АМАН“ организира протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата


„Фактот дека скоро 70 проценти од граѓаните во земјата користат електрична енергија за затоплување на своите домови, веднаш насочува кон тоа дека при екстремно ниски температури, можно е да се јави преоптоварување на мрежата, но само во оние делови кадешто таа не е доволно димензионирана. За недоволното димензионирање придонесува и тоа што многу од корисниците што претходно се затоплуваа на парно се откажаа и преминаа на електрична енергија, така да во тие згради или помали средини имаме проблеми со товари кои се јавуваат на трафостаниците.“

Тој вели дека проблеми со снабдувањето со струја има на тешко пристапни планински места, додека во градските средини проблемите се помали.

Од ЕВН не очекуваат проблеми во системот поради ниските температури.

Но професор Атанаско Тунески, член на Економско-социјалниот совет на СДСМ, вели дека на терен се покажува дека не сме подготвени за овие ниски температури.

„Значи двојни се проблемите - и немаме струја и немаме пари да ја купуваме, згора на тоа се најавува дека топлификациониот систем е под знак прашање, односно да прекине со испорака на топлинска енергија и ако тоа се случи ќе крахира целиот електро-енергетски систем затоа што сите оние кои во моментот се греат на парно, ќе се префрлат на греење со струја, а тоа системот не може да го издржи.“

Според правилниците на регулаторната комисија, нови поскапувања на струјата и парното нема да има до летото следната година. Регулаторната за енерегетика го промени рокот за пресметување на цените на струјата, односно наместо во декември нови цени ќе се кројат во јуни идната година. И Според измените во правилникот за топлинска енергија кои треба да бидат донесени најдоцна до крајот на годината, наместо нови цени од јануари, промени на сметките за парно греење ќе се прават во август идната година.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG