Достапни линкови

Панета нареди разместување на Патриот батерии во Турција


Американскиот секретар за одбрана Леон Панета во воздухопловната база Инџирлик

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета во воздухопловната база Инџирлик

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета ја потпиша наредбата за испраќање на две Патриот батерии со 400 војници на НАТО во Турција. Тој ова го сторил пред денешната ненајевена посета на Турција на средба со американските трупи во воздухопловната база Инџирлик. Разместувањето е дел од потезите на НАТО да ја зацврсти одбраната на Турција од заканите од Сирија. Претходно и Германија и Холандија соопштија дека ќе испратат нивни батерии во Турција кои ќе бидат операционализирани до крајот на идниот месец.
XS
SM
MD
LG