Достапни линкови

Партискиот мајтап за буџетот на штета на граѓаните


Ако не се донесе буџетот во дадениот рок, граѓаните ќе го извлечат подебелиот крај, односно државата многу лесно може да западне во неликвидност, велат упатените.

Граѓаните ќе го извлечат подебелиот крај доколку не се донесе буџетот во дадениот рок, односно до крајот на годината, бидејќи државата многу лесно може да западне во неликвидност, велат упатените. Комисијата за финансирање и буџет е блокирана бидејќи опозицијата поднесе 1.225 амандмани со што се става под знак прашалник дали буџетот ќе биде доставен навреме на седницата закажана за 24 декември. Опозицијата повторува дека дека ќе ги употребат сите расположиви механизми за да ги спречат, како што велат, безмилосните задолжувања.
Опозицијата може да го користи тоа легитимно како политичко средство, но до одредена мерка, инаку навистина ако се оди така брутално, тоа би било на штета на граѓаните, затоа што кога слоновите се тепаат, страда тревата. Обичниот народ на крај ќе биде тој што ќе плаќа и затоа треба да се најде разумност во сето тоа и треба да се донесе буџетот.


Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов, вели дека може да дојде дури и до социјални проблеми, бидејќи државата не може тековно да ги исплаќа обврските, особено кога кризата е се уште присутна и сиромаштијата расте.

„Опозицијата може да го користи тоа легитимно како политичко средство, но до одредена мерка, инаку навистина ако се оди така брутално, тоа би било на штета на граѓаните, затоа што кога слоновите се тепаат, страда тревата. Обичниот народ на крај ќе биде тој што ќе плаќа и затоа треба да се најде разумност во сето тоа и треба да се донесе буџетот.“
Собраниска комисија за финансирање и буџет. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Собраниска комисија за финансирање и буџет. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Цената ќе ја плати стопанството, бидејќи ќе се доведе во прашање ликвидноста и реализацијата на обврските, цената ќе ја платат пензионерите, затоа што ќе се загрози зголемувањето на пензиите...

Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека доколку не биде донесен буџетот Македонија нема да може да го земе заемот од Светска банка, туку ќе треба да излезе на пазарот со Еврообврзница со што ќе плати два пати поголема камата, односно дополнителни 84 милиони евра. Според него, цената ќе ја платат сите граѓани на земјата и оние кои треба да добијат средства од буџетот.

„Цената ќе ја плати стопанството, бидејќи ќе се доведе во прашање ликвидноста и реализацијата на обврските, цената ќе ја платат пензионерите, затоа што ќе се загрози зголемувањето на пензиите, цената ќе ја платат социјалците затоа што ќе се загрози зголемувањето на социјалната помош, цената ќе ја платат земјоделците затоа што ќе се загрози исплатата на субвенциите, цената ќе ја платиме сите ние затоа што ќе се закочи реализацијата на инфраструктурните проекти.“

Дополнително, груба лага и манипулација е дека евентуалното доцнење на усвојувањето на предлог буџетот за 2013 ќе ги доведе во прашање платите, пензиите, социјалните трансфери, субвенциите на земјоделците или другите трансфери, додава опозициската партија.

Од опозицијата, пак, повикаа ВМРО ДПМНЕ да престане со неоснованото ширење на паника, бидејќи законот јасно утврдува дека дури и со евентуалното доцнење на усвојувањето на предлог буџетот за 2013, нема да страдаат ниту пензионерите, ниту социјалните групи, ниту земјоделците, ниту било кои друга категорија на граѓани на Република Македонија, се вели во партиско соопштение на СДСМ.

Според Витанов државата ќе функционира со привремено финансирање, како што налага законот. Или да остане по старо, односно да се продолжи финансирањето или преодниот период кој трае сè додека не се изгласа нов буџет, финансирањето ќе го помогне авансирањето од идниот буџет.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG