Достапни линкови

Политичарите им даваат лош пример за соживот на младите


Постапките на политичките партии се рефлектираат врз населението, а особено врз младата популација што остава една црна дамка за натамошниот развој на меѓуетничките односи во Македонија, велат експертите.

По зачестените инциденти и тепачки кај младите од различни етнички заедници, првиот полицаец во земјава Гордана Јанкуловска смирува. Во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека ситуацијата е стабилна и веќе подолго време непроменета. Тоа што некои политичари од опозицијата се обидуваат инцидентите да ги прикажат како безбедносна криза се несериозни и неосновани, вели министерката Јанкулоска.
Сметам дека е крајно непотребно и крајно неиздржано некои политичари да се обидуваат да го градат својот рејтинг или рејтингот на нивната партија преку импровизации и шпекулации по однос на безбедноста на Република Македонија или дотолку повеќе преку обиди да се нарушат меѓуетничките односи.
Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи.


„Сметам дека е крајно непотребно и крајно неиздржано некои политичари да се обидуваат да го градат својот рејтинг или рејтингот на нивната партија преку импровизации и шпекулации по однос на безбедноста на Република Македонија или дотолку повеќе преку обиди да се нарушат меѓуетничките односи“, вели Јанкулоска.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Наспроти ваквите тврдења, во повеќе наврати опозицијата обвини дека инцидентите меѓу припадници на различни етнички заедници се креирано сценарио за коалициските партнери во владината коалиција. Опозицијата тврди дека власта постојано фингира такви ситуации за да го подигнат адреналинот и кај Албанците и кај Македонците, оти не им останува никаков друг начин за одржување на власт освен национализмот и подигањето патриотски чувства кај граѓаните.

За експертите токму политичарите се повеќестрано виновни за целокупната ситуација со меѓуетничките тензии и начинот на кој реагираат младите. Токму тие се модел којшто се гледа и имитира и токму тие можат да помогнат во превенирањето на ваквите конфликти ситуации, вели професорката Мирјана Најчевска.
Како постапуваат политичките партии, тоа непосредно се рефлектира врз населението, а особено врз младата популација што остава една црна дамка за натамошниот развој на меѓуетничките односи во Македонија.
Етем Азири, универзитетски професор.

„Автоматски секој настап на политичарите претставува некаква провокација кон младите и ги стимулира на овој или оној вид на однесување“, вели Најчевска

Иако неодамнешните инциденти меѓу младите не претставуваат поголема опасност за безбедноста на државата, нивните корени треба да се гледаат во актуелните политики на власта, вели универзитетскиот професор Етем Азири.

„Како постапуваат политичките партии, тоа непосредно се рефлектира врз населението, а особено врз младата популација што остава една црна дамка за натамошниот развој на меѓуетничките односи во Македонија“, вели Азири.

И цивилното општество, медиумите и верските заедници имаат улога во начинот на кој младите ги разбираат односите меѓу заедниците. Сепак, без постоење на вистинска политичка волја не може да очекуваме позитивни резултати, велат упатените.

Неодамна две момчиња беа истепани на автобуската станица кај Бит-пазар, а други двајца беа повредени во тепачка во автобус на булеварот Крсте Мисирков.

Политички тепачки по етничка основа?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:53 0:00
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG