Достапни линкови

Триесет дена притвор за српскиот бизнисмен Мишковиќ


Мирослав Мишковиќ

Мирослав Мишковиќ

Специјалниот суд во Белград денеска одлучи најбогатиот човек во Србија, бизнисменот Мирослав Мишковиќ и неговиот син Марко да останат во притвор 30 дена.
Мишковиќ, сопственик на една од најголемите српски компании „Делта холдинг“, и неговиот син, како и уште осумина осомничени, беа уапсени пред два дена по неколку месечната истрага, со која е утврдено дека извлекувале пари и имот од претпријатија за патишта, кои во 90-тите години имале монопол за подршка на патиштата, а на крајот дошле до банкрот.
Еден месец во притвор ќе останат уште нивниот бизнис партнер Мило Ѓурашковиќ и уште четворица соработници. Тројца од осомничените се пуштени да се бранат од слобода. Обвинителството за организиран криминал синоќа побара по крајот на сослушувањата да се започне истрага против сите 10 осомничени за злоупотреба на службената положба.
Се претпоставува дека осомничените ги оштетиле претпријатијата за патишта за околу 30 милиони евра, од кои само Марко Мишковиќ заработил од 17 до 19 милиони евра
XS
SM
MD
LG