Достапни линкови

Русија негира промена на политиката кон Сирија


Башар ал Асад и Михаил Богданов

Башар ал Асад и Михаил Богданов

Русија негира дека нејзиниот дипломат Михаил Богданов рекол оти Претседателот Башар ал Асад ја губи контролата врз Сирија. Богданов специјален претставник на Кремљ за Блискиот Исток беше цитиран дека противниците можат да победат во 20 месечниот конфликт, а тоа според Кремљ бил само цитат на ставот на бунтовниците. САД и раководството на бунтовниците во Сирија пак, ги поздравија руските забелешки за иднината на сирискиот претседател Башар ал Асад. Американскиот Стејт департмент коментираше дека Русија конечно ја сфатила реалноста и признава дека деновите на режимот во Сирија се изброени. Политичкиот лидер на бунтовниците Моуаз ал Катиб изјави дека верува оти Русија е во потрага по начини за излез од тоа што им даваше подршка на сириските власти.
XS
SM
MD
LG