Достапни линкови

Северна Кореја го слави лансирањето на ракетата


Архивска фотографија- Севернокорејски војници.

Архивска фотографија- Севернокорејски војници.

Илјадници севернокорејски војници и цивили се собраа во центарот на Пјонгјанг на масовното прославување на најновото лансирање на ракета со долг дострел, што го изврши земјата пред два дена. Државната телевизија покажа снимки на народот, организиран во уредни редови, како ракоплескаат на говорите на високите воени и владини претставници. Митингот уследи неколку часа откако државните медиуми објавија изјавата на Ким Јонг-Ун кој најави нови лансирања во иднина и покрај глобалниот бес и осудата од страна на ОН за таквиот чекор. Северна Кореја лансираше сателит во средата за кој соопшти дека е за мирни истражување, но критичарите велат дека биле тестирани забранети балистички проектили.
XS
SM
MD
LG