Достапни линкови

САД и сириските бунтовници ги поздравија руските забелешки за Асад


Сирискиот претседател Башар ал Асад и Михаил Богданов, заменик-министер за надворешни работи и специјален претставник на Кремљ за Блискиот Исток.

Сирискиот претседател Башар ал Асад и Михаил Богданов, заменик-министер за надворешни работи и специјален претставник на Кремљ за Блискиот Исток.

САД и раководството на бунтовниците во Сирија ги поздравија руските забелешки за иднината на сирискиот претседател Башар ал Асад. Михаил Богданов, заменик-министер за надворешни работи и специјален претставник на Кремљ за Блискиот Исток, призна дека противниците на Асад може да бидат победници во конфликтот кој трае 20 месеци.
Американскиот Стејт департмент коментира дека Русија конечно ја сфатила реалноста и признава дека деновите на режимот во Сирија се изброени. Политичкиот лидер на бунтовниците Моуаз ал Катиб изјави дека верува оти Русија е во потрага по начини за излез од тоа што им даваше поддршка на сириските власти. Русија ги блокираше напорите на ОН да го притиснете Асад и го снабдуваше режимот со оружје.
Во меѓувреме, во Сирија продолжуваат борбите. Сириската опсерваторија за човекови права наведува дека воени авиони ги бомбардираат бунтовничките позиции во неколку градови.
XS
SM
MD
LG